More

    Шварценегер се најде на удар на критики бидејќи употребил една од своите познати фрази при потпишувањето во книгата за гости во Аушвиц

    spot_img

    Арнолд Шварценегер се најде на удар на критики бидејќи употребил една од своите познати фрази при потпишувањето во книгата за гости во Аушвиц.

    Актерот го посетил нацистичкиот логор во Полска во склоп на својата работа со Фондацијата на еврејскиот центар Аушвиц, која настојува да едуцира против сите облици на омраза.

    Уште во јуни Арнолд ја доби наградата на организацијата „Fighting Hatred“ за своите пораки против омраза на социјалните мрежи.

    Во склоп на своето патување, тој се упатил кон логорот од Втората светска војна каде се сретнал со преживеан од Холокаустот, син на преживеан од Холокаустот и жена која како дете била подложена на експерименти од страна на озлогласениот нацистички лекар Јозеф Менгеле.

     

    Според АП, по посетата Шварценегер изјавил:

    „Ова е приказна која мора да остане жива, ова е приказна што мораме да ја раскажуваме одново и одново. Бев син на човек кој се бореше во нацистичка војна и бев војник… Ајде заедно да се бориме со предрасудите и да ги искорениме еднаш засекогаш“.

    Меморијалниот центар во Аушвиц сподели низа твитови за настанот, вклучувајќи ја и пораката на актерот во книгата за гости која го содржи неговиот потпис заедно со неговата позната фраза од „Терминатор“ – „Ќе се вратам“ (I’ll Be Back).

     

    Поради ваквиот потег, тој заработи голем број критики, а многумина коментирале дека и покрај тоа што не мислел ништо лошо, оваа фраза не е соодветна за ситуацијата и местото во кое се нашол.

    Тие го окарактеризираа овој потег како „невкусен“ и „непримерен“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img