More

    Шарл Мишел го посети Вучиќ во Белград

    spot_img

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска во Белград изјави дека „Европската геополитичка заедница“, која тој ја предложи, ќе им помогне на земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, бидејќи тоа ќе го олесни нивниот процес на приклучување.

    На заедничката прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, Мишел рече дека новата платформа ќе даде можност за редовна размена на мислења на највисоко ниво што ќе го зголеми „взаемното политичко разбирање меѓу вклучените страни“.

    – Целосно ја поддржувам идејата да се забрза процесот на пристапување и да се направи поефикасен. Опипливи придобивки треба да се почувствуваат во земјите кандидати. „Европската геополитичка заедница“ ќе ни овозможи редовно да се среќаваме на највисоко ниво, да разменуваме идеи за заеднички интереси, да се координираме – објасни Мишел.

     

     

    Тој изјави дека предлогот за создавање на „Европската геополитичка заедница“ го дал бидејќи „битно е токму сега“ да постои политички формат што ќе овозможи „заедничка посветеност на конкретни предизвици“.

    – Таа платформа, тој формат ќе биде посветен на заедничките предизвици, особено на странските и на геополитичките. Имаме конкретни идеи кој би го разработил, разговаравме за тоа со претседателот Вучиќ, но нашата цел е да ги слушнеме нашите партнери за да направиме новата платформа да биде ефикасна и конкретна – додаде тој.

     

     

    Мишел рече дека „ова не е нова идеја од Брисел што е предложена со цел да се одложи нешто“, туку напротив, со цел да се зголеми соработката и координацијата меѓу членките на ЕУ и земјите кандидати.

    Вучиќ од своја страна, рече дека на средбата посочил дека негова цел е Србија да биде на европскиот пат.

    – Тоа не е само емотивно прашање, туку прашање на разум, ќе одговорам од што сите бегаат и воопшто не се срамам да кажам колку е важна соработката со ЕУ. 31 милијарда евра е трговијата што ја имавме минатата година – изјави српскиот претседател.

    На 23 јуни шесторката лидери од Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел за да ги прошират дијалогот и соработката.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img