More

    Човек изгоре во пожар во Струмица

    spot_img

    Јагленосаниот труп на еден член од семејството на А.Е. (63) во куќата која целосно изгоре синоќа во Струмица на улицата „Пиринска” број 26, сведочи за големата трагедија од пожарот кој избувнал синоќа по 20 часот.

    Соседите не можат да поверуват дека се случила трагедија и дека во пожарот загинал нивен сосед.

    – Беше грозно, страшно! Голем оган избувна. Пламенот се гледаше од далеку, од кај училиштето „Маршал Тито”. Дојдоа пожарникарите и соседите со полевање вода го изгаснаа пожарот. Многу, многу страшно беше – изјави еден сосед.

    Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега не се познати причините за трагедијата.

    – Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три противпожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е угаснат за еден час, но за жал во него има загинато едно лице – информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

    Трагичниот настан го потврдија и од СВР Струмица. Оттаму информираа дека синоќа во 20:54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска” во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице.

    Денеска околу 10 часот почна увидот од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица и инспектор за пожари. Повеќе информации најавуваат за подоцна откако ќе заврши увидот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img