More

    Челзи го договори Кулибали – дали преплати?

    spot_img

    Капитенот на сенегалската репрезентација Калиду Кулибали договорил соработка со лондонски Челзи, а се очекува таа наскоро да биде официјализирана, пишува новинарот Фабрицио Романо.

    Поранешниот стопер на Наполи ќе се пресели на Стемфорд Бриџ за 38 милиони евра, а со тимот на Томас Тухел ќе потпише договор до 2027 година.

    Се известува дека годишната плата за 31-годишниот роден во Париз ќе биде 10 милиони евра.

    „К2“ во Наполи игра од 2014 година, а на стадионот „Диего Армандо Марадона“ се здоби со статус на клупска легенда. Челзи многу сериозно смета на него, особено поради заминувањето на Антонио Рудигер, кој следната сезона ќе игра за Реал Мадрид.

    Кулибали својата професионална сениорска кариера ја започна во Мец во 2010 година, а од 2012 до 2014 година беше играч на белгиски Генк.

    За репрезентацијата на Сенегал одигра 62 натпревари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img