More

    ЦУК апелира до граѓаните на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд

    spot_img

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд.

    Од Центарот информираат за силен и голем град во Општина Лозово и дека во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, како и подрумите и приземјата на повеќе куќи. Град имаше и во Полошкиот регион, а силна нестабилност со грмотевици и дожд има и во скопско.

    – Регионалниот центар за управување со кризи – РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен контакт со градоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници – информира ЦУК.

    Градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски, изјави дека градот удрил по повеќе села, а допрва ќе се утврдува колку ќе чини поправка на штетите.

    Нестабилна облачна маса е забележлива и во Скопската котлина, каде се очекува пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.

    Од ЦУК наведуваат дела уште во претпладневните часови е забележана нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија.

    Согласно информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ЦУК повторно превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img