More

    Црниот пантер, кој неодамна побегна на српско-унгарската граница, денеска е виден и снимен на шеталиштето покрај Големиот бачки канал во војводинскиот град Врбас

    spot_img

    Црниот пантер, кој неодамна побегна на српско-унгарската граница, денеска е виден и снимен на шеталиштето покрај Големиот бачки канал во војводинскиот град Врбас, пишуваат повеќе српски медиуми.

    Рибарот, кој го снимил видеото, го препратил до еколошкото друштво „Движење за сите нас“ во Врбас. Ненад Тешиќ од ова Движење за „Новости“ изјави дека полицајци и ловџии се веќе на терен. Ѕверот е снимен на 20 метри од ресторанот на рибарското друштво и на 50 метри од првите куќи во Врбас, во населбата Магаршор. Тешиќ вели дека на шеталиштето Шлајз, каде е виден пантерот, било пронајдено распарчено тело на куче, за кое се претпоставува дека било жртва на пантерот.

    Ѕверот наводно бил виден претходниот ден во атар на селото Фекетиќ, во општина Мали Иѓош. Неговото појавување во Врбас, смета Тешиќ, е показател дека животното се движи кон централна Србија.

    – Неопходно е да се следи ѕверот дење и ноќе, а ловечкото друштво, кое е опремено со термални камери, може да го лоцира и ноќе. Ловците можат да го заспијат со стрели, а потоа да го сместат во зоолошка градина. Оние кои не ја разбираат сериозноста на ситуацијата велат дека пантерот е безопасен и напаѓа само кога е исплашен. Самиот факт дека е практично меѓу луѓето укажува дека е во опасност и дека ќе се брани, поради што треба да бидете внимателни – вели претставникот на еколошкото друштво.

    Покраинскиот Инспекторат за заштита на животната средина во текот на вчерашниот ден добил видео од жител на селото Фекетиќ, каде се гледа големо црно животно како трча по атарoтВидеото е кратко, животното брзо трча, па не може точно да се утврди што е. Ловџиите излегле на терен но не успеале да го лоцираат.

    Јавното претпријатие „Војводина шуме“ на 10 ноември објави предупредување за појава на црн пантер на територијата на општина Апатин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img