More

    Цените дивеат, граѓаните негодуваат дека секој ден се сè посиромашни, а Владата го чека ребалансот на буџетот за да испланира нови антикризни мерки

    spot_img

    Цените дивеат, граѓаните негодуваат дека секој ден се сè посиромашни, а Владата го чека ребалансот на буџетот за да испланира нови антикризни мерки. Бизнисот бара итни мерки, а стручната јавност е со став дека мора да се направат чекори за стабилизација на цените колку што е можно во услови на пазарна економија, а со мерките да се опфатат најсиромашните. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, се сомнева во податоците за растот на инфлацијата, но предлага мерки кои ќе придонесат за намалување на цените со помал ДДВ и акциза.

    Сите се загрижени дека владата нема пари да ги помогне граѓаните и бизнисите, за полесно да ја поминат кризата.

    Во мај, според последните податоци на Државниот завод за статистика, цените на мало се зголемиле за 12, 1 отсто, а инфлацијата порасна на 11,9 отсто.

    Владата се соочува со недостиг од пари за нови антикризни мерки. Тоа се гледа и од фактот што сега се чека да помине ребалансот на буџетот во Собрание па да се донесат нови мерки. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави нови средби со бизнисмените за да се утврди потребата дали се потребни нови мерки за намалување на цените и какви тие би биле.

    – Чекаме да се усвои ребалансот на Буџетот, каде што се предвидени средства за креирање на нови мерки, се со цел да го ублажиме притисокот и да им излеземе во пресрет на граѓаните, посебно на тие категории, кои имаат најголема потреба – рече Бектеши.

    Бизнисмените веќе знаат што ќе побараат од владата, а ако не го добијат она што го бараат не гарантираат дека цените и натаму ќе дивеат, бидејќи веќе се исцрпени со енормниот раст на трошоците поради покачувањето на цената на струјата и на горивата.

    Од мелничко-пекарската индустрија која деновиве е на удар поради високата цена на лебот имаат три клучни барања за стабилизирање на цената на брашното и на лебот во иднина.

    Да се фиксира цената на струјата на одредено ниво (како во Србија на пример на 75 евра за мегават час), да се забрани извоз на пченица и да се откаже владата од акцизата на гориво со цел да се стабилизираат цените, бара мелничко-пекарската индустрија.

    – Ние сме увозно зависни од суровини и тука не може многу да се влијае на цената на пченицата која се формира на берза, но може да се забрани извозот на пченица и други житарки од земјава за да се обезбеди што поголем процент од домашно производство со што ќе се влијае и на цената на нашиот производ – брашното и потоа на лебот. Тоа го бараме од Владата. Исто така, Владата ќе треба да ја фиксира цената на струјата на 75 евра по киловат за оваа индустрија, како што тоа го направи и Србија, но ќе треба да се откаже и од акцизата на горивата за да се стабилизира нивната цена. Сето ова ќе влијае да нема големи осцилации на цената на брашното и лебот – вели Горан Малишиќ од асоцијацијата на мелничко-пекарската индустрија.

    Според него, доколку владата не прифати вакви мерки, тогаш индустријата нема да може да влијае на цената.

    – Цените ќе продолжат да дивеат како што се случува сега, бидејќи индустријата ќе биде изложена на високи цени на енергенсите, берзанската цена на суровините – пченицата и другите житарки како и другите елементи кои влијаат на крајната цена на лебот – вели Малишиќ.

    Од Сојузот на стопански веќе подготвија приоритетни мерки кои треба да се преземат итно за да се намали ударот на цените врз стандардот на граѓаните и да се подобри работењето на компаниите.

    – Микро, малите и средните компании да можат да купуваат струја на регулираниот пазар бидејќи сега доста од овие компании струја купуваат на слободен пазар каде што цената е 250 евра по мегават часа, додека на регулираниот пазар цената изнесува 120 евра по мегават час. Во меѓувреме да се вложува во обновливи извори на енергија и имплификација на процесите за поставување на фотоволтаици – велат од ССК.

    Од оваа комора бараат да се активираат стоковите резерви, што би значело во прв момент користење само на одреден процент од она што државата го има како резерва. Потоа, според ССК треба да се направи анализа врз основан а која треба да се направат следните чекори.

    Од ССК бараат банките да ги намалат провизиите и издатоците кон фирмите и тие да се сведат на кризен минимум и усогласување на царинските стапки со оние кои важат во ЕУ.

    Како подолгорочни мерки се бара и забрзување на процесот на дигитализација на државните институции, а се бараат и нефинансиски мерки кои ќе го подобрат деловното опкружување.

    – Итно да започне процес на укинување на парафискалните давачки, процес кој непотребно се одложува подолго време како и засилување на мерките за сузбивање на сивата економија која има сериозни димензии и претставува дополнителна пречка за одржување на регистрираните бизниси – велат од ССК.

    Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, пак, вели дека мерки се потребни, но прашање е како ќе успее Владата да обезбеди пари за нив додека се бори да опстане и да не организира предвремени избори.

    – Дали буџетот е скроен да ги поддржи најпогодените слоеви на населението. Не тој е скроен да ја задржи оваа гарнитура на власт. Така ќе биде и со најавените нови мерки. Тие требаше сега да објават од кои ставки ќе земат 200 милиони и на кои слоеви најсиромашни ќе се дадат тие пари. Прашање е дали по ребалансот буџетот ќе има сила да поддржи нови мерки, бидејќи дел од парите поради задржување на владејачкото мнозинство ќе треба Владата да ги потроши на партиските војници кои се вработени во огромната јавната администрација и да се плаќаат гласачите со пари од државниот буџет бидејќи се очекуваат предвремени избори  – вели Хајредини.

    Тој смета дека со државни мерки не треба да се намалуваат цените бидејќи во пазарна економија такви мерки не даваат резултати, а во услови на увезени високи цени на струјата и горивата нема многу големи можности цените да паѓаат.

    Според него, сега се потребни мерки за поддршка на најсиромашните слоеви на населението.

    – Потребна е само корекција односно структурни промени во буџетот и намалување на расходите. Парите да се искористат за поддршка за народот преку новите мерки. Инаку, паѓа во вода барањето со државни мерки да се намалат цените во пазарна економија бидејќи така тие не се намалуваат. Во случај на намалување на цените со државни мерки тогаш државата на приватниот сектор треба да му ги надомести загубите. Ако сака да ја намали цената на струјата на пример, треба да ги покрие загубите на ЕВН, ЕСМ, МЕПСО и Електродистрибуција – вели Хајредини.

    Опозицијата, пак, предлага намалување на цените по пат на намалување на процентот на ДДВ за прехранбените производи и на акцизата за гориво.

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта ја користи статистиката како шминка да ја прикрие  катастрофалната состојба со инфлацијата.

    – Додека основните продукти и потреби на граѓаните растат и до 100%, тие ја пресметуваат инфлацијата со стапка од само 10%. Тоа е бесрамно. Реалната стапка на инфлација е далеку повисока доколку се земе предвид дека тоа за коешто граѓаните најмногу ги трошат семејните буџети е поскапено многу повеќе од 10%. За неколку месеци лебот е поскапен за 100%, горивата исто така се речиси двојно поскапи, шеќерот само од април до сега се зголемил за 57%, млекото во споредба со лани е поскапо за 15%, маслото за јадење само од почетокот на годината е поскапено за 70%, брашното за една година е поскапо за 55%, а струјата за 30% – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img