More

    Хрватски „Конзум“ ги заклучи цените на 100 производи до крајот на годината

    spot_img

    Најголемиот синџир супермаркети во Хрватска „Конзум“ од 29 септември, до крајот на годината нема да ги менува цените на 100 производи од основната потрошувачка кошница.

    Како што соопшти компанијата основна цел е  „да им помогне на своите клиенти во предизвикувачката моментална ситуација во која цените на речиси сите прехранбени производи континуирано се зголемуваат“.

    Станува збор за дополнителни 100 производи од цела низа категории кои не се опфатени во одлуката на Владата на Република Хрватска со директните мерки за контрола на цените на одредени прехранбени производи.

    Замрзнатите цени нема да се менуваат до крајот на оваа година, освен што може дополнително да се намалат а се цени на категориите овошје и зеленчук, свежо месо и риба, млечни и пекарски производи, замрзнати производи, сувомесни производи, конзервирана храна, пијалоци, средства за хигиена за деца и возрасни, средства за чистење и друго.

    Истовремено, корисниците кои ја користат картичката Konzum MultiPlusCard од 29 септември ќе можат да купат до 1.500 производи по пониска цена. Цените на MultiPlusCard ќе бидат пониски во просек за 20 отсто, колку што е вкупната вредност на попустот во износ од 60 милиони куни.

    -Ние сме лидер на пазарот и секој наш потег се следи. Ситуацијата во која се наоѓаме не е лесна за никого, особено за нашите клиенти и затоа постојано преку бројни иницијативи се трудиме да им го олесниме секојдневието. Не станува збор само за нашата општествена одговорност, туку и за нашата обврска и нашето влијание како најголем малопродажен синџир во Хрватска. Верувам дека и во овој најнов потег,тие ќе ги препознаат нашите напори за намалување на нивните трошоци во домашниот буџет – изјави Зоран Митрески, претседател. на Управниот одбор на „Конзум“, пренесуваат тамошните медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img