More

    Холивудскиот актер Том Хенкс одлучи да го продаде својот Fiat 126p, автомобил познат и како „пегла“

    spot_img

    Холивудскиот актер Том Хенкс одлучи да го продаде својот Fiat 126p, автомобил познат и како „пегла“, а целиот приход што ќе го собере ќе биде дониран исклучиво во добротворни цели. Популарниот актер својот олдтајмер го доби на подарок во 2016 година во Будимпешта.

    Жителите на градот Биелско-Биала во Полска ја забележале неговата воодушевеност од овој автомобил, поточно сограѓанката Моника Јасколска и за роденден му ја подариле сопствената „пегла“.

    Автомобилот од 1974 година беше целосно реставриран и разубавен за актерот. Хенкс не можеше да ја сокрие возбудата и среќата.

    – Едноставно прекрасен автомобил. Не сум сигурен колку километри ќе може да извлече по патиштата во Калифорнија, но се тешам што можам да го поправам со шрафцигер и женски појас за панталони – изјавил тогаш Хенкс.

     

     

    На крајот, донирал голема сума во болницата во која работела Јаколска.

    Неговата пегла во моментот е на аукција на Bring a Trailer. Највисоката понуда за автомобилот изнесува дарежливи 57.000 долари. Таа цена е секако повисока отколку што некој би издвоил за да го купи овој олдтајмер.

    Малата „пегла“ е бела боја со зелена внатрешност и бели детали.

    Новиот сопственик на автомобилот ќе добие и возачки ракавици, резервни свеќички и неодамнешни  документи за сервис. Актерот дури ја потпишал внатрешната врата од страната на возачот.

    Хенкс сака да го продаде својот автомобил за да собере пари за фондацијата „Елизабет Дол“ и нејзината кампања „Скриени херои“.

    Фондацијата „Елизабет Дол“ е основана во 2012 година за да ја крене свеста на јавноста, да ги поттикне истражувањата и да соработува за да помогне во зајакнувањето, поддршката и чествувањето на 5,5 милиони американски сопружници, родители, членови на семејството и пријатели кои се грижат за ранетите, болните или повредените воени ветерани.

    ФОТО: Јутјуб/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img