More

    Хари откри дека плачел само еднаш по смртта на мајка му

    spot_img

    Британскиот принц Хари откри во едно од низата интервјуа кои ги даде во пресрет на објавувањето на неговите мемоари, дека плачел само еднаш по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, како и дека го измачувало чувството на вина бидејќи не можел да ги покаже емоциите.

    Во исечокот од интервјуто „Хари: Интервју“, кое ИТВ го прикажа во неделата, Хари признава дека не бил способен да покаже каква било емоција примајќи сочувства по смртта на неговата мајка Дијана, принцезата од Велс, во 1997 година.

    Чувствувал вина меѓу мноштвото пред палатата Кенсингтон, рекол и му признал на водителот Тон Бредби:  „Плачев само еднаш, на погребоt“.

    „Имаше 50.000 букети цвеќе за нашата мајка, а ние се смешкавме додека луѓето ни ги стискаа рацете“, рекол Хари за себе и за постариот брат Вилијам.

    „Ги прегледав виденоснимките дополнително. Тие мокри раце што ги стискавме, не сфаќавме зошто се мокри, но тоа беа солзите кои луѓето ги бришеа. Сите мислеа и чувствува дека тие ја познаваат нашата мајка, а двајцата кои ѝ беа најблиски, кои најмногу ги сакаше, не беа способни да покажат никаква емоција во тој момент“, додава Хари.

    Во својата книга Хари пишува дека мисли дека не можел да плаче во јавноста, бидејќи во семејството претходно научил дека емоциите не се покажуваат.

    Според британскиот весник „Телеграф“, Хари тоа го опишал со зборовите: „Не ми се допаѓаа тие раце. Не ми се допаѓаа, бидејќи поради нив чувствува вина. Зошто сите тие луѓе плачат кога јас никогаш не плачам и не сум плачел?“, вели Хари.

    „Сакав да плачам и се обидов, бидејќи животот на мајка ми беше толку тажен… но, не можев… ниту солза да пуштам. Можеби премногу добро ја совладов лекцијата, ја впив преку семејната максима дека плачењето никогаш не е опција – никогаш“, објаснил Хари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img