More

    Хари имал „замрзнат пенис“ на свадбата на Вилијам и Кејт

    spot_img

    Интернетот не може да престане да се мајтапи со фактот дека принцот Хари имал замрзнување „на долните региони“ на телото при експедицијата на Северниот пол на која учествуваше во март 2011 година. Тој го напишал ова во својот мемоар „Спер“(Резерва) кој деновиве стана популарен во Велика Британија. Смрзнувањето на неговиот пенис наводно траело и за време на свадбата на неговиот брат Вилијам со Кејт Мидлтон која се случила во април истата година, еден месец откако Хари се вратил од експедицијата, пишува ЊујоркПост.

    „По пристигнувањето дома, бев ужаснат кога открив дека моите долни региони се замрзнати“, напишал Хари.

    Според мемоарите, Хари им кажал на својот татко, принцот Чарлс и на своите пријатели за „непријатноста на моите искривени уши и образи од мраз“, но молчел за „долните региони“.

    „Додека ушите и образите веќе заздравуваа, „малиот“ доле не беше“, се жали болниот принц во своите написи.

    Хари веднаш побарал третман на пенисот по церемонијата. Тој во книгата открива дека бил обрежан, отфрлајќи ги долгогодишните гласини дека не е.

    „Има едно старо правило – она што се случува на Арктикот останува на Арктикот“, се шегуваше радиодифузерот Мајкл Гравесанде на социјалните мрежи.

    „Никогаш во животот не мислев дека ќе зборувам за „смрзнатиот“ пенис на принцот Хари, но еве сме“, додаде кралскиот известувач на ГБ Њуз, Камерон Вокер.

    „Сите сме биле таму“, гласеше еден од зајадливите коментари.

    „Ова може да биде одличен филм за агентот Остин Пауерс. Ладното момче“.

    Други коментатори се потсмеваа на насловот на статијата на „Пејџ Сикс“ кој гласеше:

    „Принцот Хари имаше премрзнат пенис на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img