More

    Хаос поради велигденските фотографии на Констракта

    spot_img

    На официјалниот профил на Радио Телевизија Србија на социјалната мрежа Твитер осамнаа нови промотивни фотографии од Ана Ѓуриќ Констракта, претставничката на Србија на овогодинешната Евровизија.

    Во прашање се фотографии направени по повод велигденските празници и кои веднаш направија раздор меѓу фановите на интернет.

    Имено, Констракта позирала во црвена облека покрај корпа со велигденски јајца, пред лавор, својот заштитен знак по спектакуларниот перформанс на фестивалот. Пред неа се наоѓа уште нешто – масички во облик на буквата на латиница Z.

    Инаку, оваа буква се користи за да се означат руските воени возила во текот на војната во Украина, поради што често ги истакнуваат оние кои ја поддржуваат Русија во овој конфликт.

    Тоа ги поттикнало гласините дека Констракта и РТС испраќаат јавна поддршка до Русија, а Јавниот сервис веднаш издаде соопштение по тој повод.

    „Радио Телевизија Србија остро ги осудува непримерните инсинуации на некои поединци на социјалните мрежи, дека фотографиите од нашата претставничка за Песна на Евровизија, поради тоа што потсетуваат на буквата „Z“ воедно „претставуваат поддршка на руската војска во војната во Украина“. Одлучно демантираме каква било слична намера и сметаме дека е злонамерните доведувања во врска со нашата претставничка со актуелната политичка ситуација во светот.

    Масичките на фотографијата повеќе од три години се користат за потребите на нашите емисии, а во овој случај искористени се само за фотографирање. Давањето нова смисла на тој сценографски елемент е бесмислено, а во некои случаи и злонамерно. Оригиналниот настап и појава на претставничката на Србија ја интригира не само нашата туку и светската јавност, но секогаш и единствено како уметнички перформанс за кој е сигурно дека е свртен кон љубовта кон човекот и животот“, се нагласува во соопштението.

     

     

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img