More

    Фон дер Лајен го поздрави позитивниот момент

    spot_img

    Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје. Бугарите утре имаат парламентарни избори и јас сум задоволен дека „темата Македонија” повеќе не е меѓу приоритетните, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски од Софија.

    За жал, како што рече претседателот, тоа не беше така во изминатите две години, кога „имало или немало избори, особено некои политички субјекти и некои политичари, прилично ја користеа за добивање политички поени”.

    Тој посочи дека во четвртата година од својот мандат првпат ја посетува Бугарија, дошол на покана на бугарскиот претседател Румен Радев за да разговараат за енергетската криза во присуство на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Не би прифатил средба, рече, ако темата била од некој минат век.

    – Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје во оваа смисла. Моите неколку разговори со претседателот Радев, додуша не на директно или чисто политички теми, го покажуваат истото и го имам истиот тој впечаток. И тоа конечно и му го соопштив на претседателот Радев во првите минути од разговорот. Му реков: Претседателе, да ме викавте да дојдам во Софија за да разговарам за Цар Самоил, немаше да дојдам никогаш. Бидејќи ме викате за една ваква тема, која е тема на 21 век, не на 10-ти, 15-ти или 19 век – изјави Пендаровски.

    Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Северна Македонија, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по трилатералната средба со претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Софија.

    „Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергија“, наведе Фон дер Лајен во твитот проследен со видео снимка од средбата со Пендаровски и Радев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img