More

    Физички напад на Медицинскиот факултет во Тетово, при што од непознати причини бил нападнат професор

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден неколку медиуми пренесоа дека сѐ случил физички напад на Медицинскиот факултет во Тетово, при што од непознати причини бил нападнат професор, при што интервенирала полицијата.

    Според првите неофицијални информации, двајца студенти до Куманово, од сѐ уште непознати причини нападнале професор. На местото на настанот интервенирала и полицијата која ги привела сторителите и работи на расчистување на случајот.

    Од СВР Тетово за Плусинфо ја потврдија веста за инцидентот кој се случил на Државниот универзитет во Тетово, како и дека еден од напаѓачите бил приведен, затоа што вербално, а не физички го нападнал професорот.

    – Вчера во 11.30 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода БС (42) од село Ваксинце, општина Липково, затоа што претходно на Државниот универзитет го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработениот М.Т. (36) од Тетово. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок – вели за Плусинфо портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img