More

    Утре ќе го одржат последниот тренинг пред мечот во четврток

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер-лет замина за Палермо на полуфиналниот мундијалски бараж против Италија.

    Пред заминувањето, македонските фудбалери претпладнево во Скопје го одржаа завршниот тренинг, кој беше од затворен тип на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

    Избраниците на селекторот Благоја Милевски утревечер од 19:30 часот ќе го одржат единствениот тренинг на стадионот „Ренцо Барбера“, а официјалната прес-конференција на македонскиот состав е закажана половина час претходно.

    Полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар ќе се одигра в четврток со почеток во 20:45 часот.

    Капацитетот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо од 36.000 седишта ќе биде максимално исполнет, а „црвено – жолтите“ од трибините ќе имаат поддршка од околу 1.500 македонски навивачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img