More

    Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела

    spot_img

    Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

    Тоа, како што појасни таа, значи дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение.

    – За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Северна Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува – нагласи Беловска.

    Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови.

    На денешната 38-ма седница на дневен ред беа закажани осум иницијативи по кои се разгледуваше и оценуваше уставноста и законитоста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img