More

    Украниците ја собориле во воздух, целта била хидроцентрала отаде границата

    spot_img

    Руска ракета соборена од украински систем за воздушна одбрана падна во Молдавија, пренесува украински Главком, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи на Молдавија. Ракетата паднала утринава во северниот дел на селото Навслачеа во Република Молдавија, кое се наоѓа на границата со Украина. Во моментов нема повредени, но неколку куќи се оштетени.

    Молдавскиот медиум Тимпул(Време) објави видео снимено од падот на ракетата виден од страната на Молдавија. Ракетата целела на хидроцентрала во Украина на  километар од селото.

     

    Треба да се напомене дека украинските власти известија дека утринава бил извршен напад со дрон на браната Новодњестровск на територијата на Украина, која се наоѓа на еден километар од браната во Навслачеа. Рускиот напад не ја оштетил браната, но електричните компоненти поврзани со неа се оштетени. Украинските власти најавуваат дека во моментов нема опасност од поплави.

    „Украина постојано зборува за ова: Руската Федерација води војна не само против Украина, туку и против Европа. Ракетните напади на Руската Федерација врз украинските градови од Црното, Белорусија, Русија или Каспиското Море претставуваат директна закана за безбедноста на соседните земји“, нагласи Олег Николенк, портпаролот на украинската дипломатска служба. 

    Од другата страна на границата, силите на Министерството за внатрешни работи на Молдавија го опколиле подрачјето каде паднала ракетата за да избегнат потенцијална опасност и се спроведува истрага, пренесува Тимпул.

    Молдавското МВР соопшти и дека биле искршени прозорци во неколку домови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img