More

    Украина договор за транспорт на житото од своите пристаништа ќе потпише исклучиво со Обединетите Нации и со Турција, а не со Русија

    spot_img

    Украина договор за транспорт на житото од своите пристаништа ќе потпише исклучиво со Обединетите Нации и со Турција, а не со Русија, најави Михаел Подољак, советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

    Подољак преку Твитер истакнува дека Украина не потпишува никаков договор со Русија, додавајќи дека руската страна ќе потпише идентичен договор за блокираното жито во црноморските пристаништа со Турција и со ОН.

    Истовремено украинската страна категорички отфрла можност во транспортот да бидат инволвирани руски бродови или какво било руско присуство во украинските пристаништа
    – Во случај на провокации веднаш следува воен одговор – предупреди Подољак, појаснувајќи дека доколку има потреба сите проверки на пратките ќе бидат спроведувани од „заеднички групи“ во турските територијални води, без притоа да посочи каков би бил составот на тие групи.

    За попладнево во Истанбул е закажана средба на претставници на ОН, Турција, Русија и на Украина, на која е предвидено потпишување договор за отворање коридори за транспорт на жито од украинските пристаништа преку Црното Море.

    Тоа би бил најголемиот компромис што го постигнале Москва и Киев од почетокот на војната во февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img