More

    Угостителите се жалат дека работат само колку да ги покријат трошоците

    spot_img

    Високите цени на енергенсите придонесоа угостителската индустрија веќе да не е комплементарна и профитабилна, оцени денеска  претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.

    – Ако пред две и пол години добивме еден неконвенционален партнер кој ни диригираше како ќе работиме, како ќе егзистираме и како ќе се однесуваме сега можам слободно да кажам дека имаме нов партнер во угостителската индустрија – енергетскиот партнер, односно ЕВН во Македонија или струјата било каде. Досега никогаш во угостителството во големите сметки електричната енергија не се земале како некој значителен фактор или влијание во профитаблината маржа и вообичаено изнесувала 1 до 2 отсто од приходите што ги остварувал соодветниот бизнис. Сега изнесуваат повеќе од 10 проценти во приходите со што го доведуваат угостителскиот бизнис до тотална непрофитабилност и придонесува да се зголемат цените во угостителската индустрија што резултира гостите да се бунат мислејќи дека правиме енормен профит, а во суштина едвај ги покриваме основните сметки за одржување на функционалност на објектите – изјави Јосифовски пред почетокот на Петтата меѓународна конференција за енергетика што денеска се одржува во Скопје на тема: „Независна стабилна енергија во Македонија”.

    Денеска, како што рече, е присутен на конференцијата за да ја поддржи иницијативата со која како некоректен се оценува начинот на кој ЕВН се однесува кон индустријата, а особено кон угостителската индустрија. Како комора, додаде, бараме решенија и се надеваме дека после оваа конференција ќе успееме да најдеме заеднички решенија кои ќе придонесат угостителите да инвестираат во сопствени ресурси за снабдување со електрична енергија без разлика дали ќе бидат фотоволтаици или комбинирани.

    – Со оглед дека угостителската индустрија поголем дел од потрошувачката на енергија е во вечерните часови потребни се батерии за складирање на енергијата. Се надевам дека од конференцијата ќе произлезат решенија со кои ќе можеме да ги избегнеме високите сметки за електрична енергија со кои се соочуваме во моментов – посочи Јосифовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img