More

    Три лица се обвинети за пожарот во тетовската модуларна болница

    spot_img

    Поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице во болницата и дежурниот доктор се обвинети за пожарот во модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе. Поднесен е обвинителен предлог од страна на Обвинителството, а се гони и правното лице, односно Општата болница-Тетово.

    Директорот и раководното лице кои се прво и второ обвинети се гонат дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност. Докторот се гони дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи во време на епидемија. Тетовската болница, се гони за двете кривични дела.

    Обвинителниот предлог е поднесен по десет месеци по покренатата истрага. На 5 октомври, Обвинителството објави извештај за причините за пожарот и информираше дека се започнало во моментите кога лекарскиот тим ја започнал реанимацијата на пациентка болна од КОВИД-19, при што се случил краток спој на продолжен кабел.

    Во страотниот пожар кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово, со себе однесе и 14 животи на пациенти кои се лекуваа од коронавирус, но и членови на семејствата кои биле внатре во критичниот момент. 14 лица, беа спасени пред објектот целосно да изгоре.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img