More

    Тревога во Стокхолм и во Хелсинки

    spot_img

    Министрите за надворешни работи на Шведска и на Финска објавија дека се надеваат дека ќе се сретнат со нивниот турски колега в сабота во Берлин за да разговараат за потенцијалните кандидатури на нивните земји за НАТО. Информацијата дојде откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го изрази своето противење за нивно приклучување.

    Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде нагласи дека ќе има „можност“ да разговара за „потенцијална шведска апликација за НАТО“ со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на состанокот на НАТО во Берлин.

    Во меѓувреме, финскиот министер за надворешни работи Пека Хавистосаид денеска изрази надеж дека ќе „продолжи нашата дискусија“, мислејќи на неговиот турски колега.

    Претходно денеска, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека официјална Анкара ја следи дискусијата за Финска и Шведска, кои сакаат да се приклучат на Алијансата, но засега не постои позитивен став.

    – Го следиме развојот на настаните. Во моментов немаме позитивен став во врска со прашањето за Шведска и Финска, изјави Ердоган за новинарите по петочната молитва во Истанбул, пренесува Анадолија.

    Велејќи дека тие „скандинавски земји се како пансиони на терористичките организации“, Ердоган додаде: Во Парламентот постојат поддржувачи на тероризмот. Не можеме да бидеме позитивни кон ова.

    Во јули 2020 година Турција го критикуваше онлајн состанокот меѓу шведскиот министер и припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК, сирискиот огранок на ПКК. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека инцидентот иницирал сериозен прашалник во врска со пристапот на Шведска кон борбата против тероризмот како прашање на приоритет, наведува Анадолија.

    Според правилата на НАТО, секоја одлука за проширувањето мора да биде донесена „со едногласна согласност“, што практично ѝ го дава правото на Турција да стави вето за која било нова членка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img