More

    Тој не зборува во име на владата и не работи во владата

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се огради од поранешниот шеф на германската Влада, Герхард Шредер, заради неговите изјави во врска со Украина.

    „Шредер не зборува во име на владата, тој не работи за владата и не е влада“, подвлече Шолц во интервју за Си-Ен-Ен.

    Шолц истакна дека сега е канцелар и дека политичките стратегии на земјата се тие што ги кажува.

    Тој нагласи дека води германска политика и порача дека прашањата за ангажманот на Шредер во Русија мора директно да му се постават на неговиот поранешен сопартиец.

    Во интервју за Си-Ен-Ен, Шолц избегна јасно да одговори за санкциите против Русија. Како и при разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден, тој избегна да зборува за гасоводот „Северен тек 2“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img