More

    Топлотниот бран е особено опасен за некои професии

    spot_img

    Гадење, несвестица, понекогаш смрт: топлотниот бран што ја погоди Европа фрли светлина врз опасностите од екстремни температури за некои професии и ги натера синдикатите да бараат подобра заштита за работниците.

    Градежните работници во работна облека работат на топол асфалт. Сезонските земјоделски работници обилно се потат под пластичните оранжерии. Некои се принудени да работат во магацини без клима… Покрај тоа што е тежок за сите жители, топлотниот бран стана неподнослив за одредени активности кои во последните денови ги одбележаа неколку трагедии во јужна Европа.

    Во Шпанија, работник на 50-годишна возраст починал откако доживеал „топол удар“ додека работел во магацин во предградието на Мадрид во петокот. Според спасувачките служби, неговата телесна температура била 42,9 кога дошле да му помогнат, бил во несвест и имал грчеви.

    Минатиот викенд во Мадрид додека работел, починал и 60-годишен маж, ангажиран еден месец во компанија за одржување на патиштата, додека друг 58-годишен работник на истото работно место бил хоспитализиран во вторникот, откако не се чувствувал добро.

    Во Италија двајца земјоделски работници на возраст од 20 и 57 години починале на почетокот на јули додека работеле на температури над 40 степени, објавија локалните медиуми.

    Двата случаи предизвикаа дебата во Италија за работа на екстремни жештини, една година по смртта на 27-годишна сезонска работничка од Мали, што поттикна неколку региони да ја забранат работата во најтоплиот дел од денот.

    Синдикатите веруваат дека е поважно од кога било да се земат предвид температурите на кои работат работниците за да се избегнат трагедии, особено во светлината на фактот дека метеоролозите предвидуваат дека топлотните бранови во Европа може да се удвојат до 2050 година.

    Двата смртни случаи во Италија, како и оние во Мадрид, „никогаш не треба да се случат“, рекоа двата главни шпански синдикати UGT и CCOO, повикувајќи да се намали изложеноста на работниците на високи температури.

    „На Европа и требаат пропишани максимални работни температури“, објави Европската конфедерација на синдикати на Твитер, повикувајќи на прекин на работата кога е премногу топло.

    Ваквиот пристап го брани Европскиот синдикален институт, истражувачки центар во Брисел, кој во извештајот повика да се разгледа прогласувањето на „термичкиот стрес поврзан со метеоролошките услови“ за „професионален ризик“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img