More

    Сè што треба да знаете за Доњецк и Луганск

    spot_img

    Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласените региони Доњецк (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), според многумина, ќе го промени сегашниот светски поредок. Зошто овие два региони во источна Украина се толку важни за Русија?

    Проруските сепаратисти во регионите Доњецк и Луганск, лоцирани во регионот наречен Донбас, се одвоија од Украина во 2014 година. Во тоа време, лидерите на Доњецк и Луганск прогласија формирање на народни републики, на што Украина силно се спротивстави.

    Бидејќи ДНР и ЛНР досега не беа признати како држави, украинските власти никогаш не се однесуваа како да се посебни земји, што доведе до бројни конфликти во регионот на Донбас.

    Податоците покажуваат дека околу 15.000 луѓе ги загубиле животите во Донбас за време на бројни акции и на украинската и на сепаратистичката армија.

    Иако Русија отсекогаш негувала добри односи со лидерите на ДНР и ЛНР, официјалното признавање на независноста носи сосема нови односи во источна Украина.

    Што значи признавање на независноста?

    Фактот што Русија сега не ги смета Доњецк и Луганск за суверени делови на Украина, значи дека руското воено присуство во тој регион е легитимен потег.

    Веќе вчера Путин нареди испраќање на руската армија во Донбас, „заради зачувување на мирот и безбедноста“. Руските безбедносни сили не можат да упаднат на туѓа територија, но можат доколку истата територија не ја сметаат за дел од одредена држава.

    Ова е случајот со ДНР и ЛНР, чии лидери Денис Пушилин и Леонид Пашечник бараат поддршка од Русија во секоја смисла. Користејќи го аргументот за заштита од украинските сили, Русија може да интервенира на територијата на самопрогласените републики и на тој начин да доведе до конфликт со Украина.

    Договорот од Минск

    По завршувањето на обраќањето на Путин, единственото прашање беше – дали со ова признавање беше прекршен Договорот од Минск?

    Станува збор за мировните договори од 2014 и 2015 година со кои заврши војната во Донбас. Мировниот договор „Минск II“ го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и тогашниот украински претседател Петро Порошенко по долги преговори во белоруската престолнина.

    Со споменатиот договор беше договорен целосен прекин на огнот, кој стапи на сила на 15 февруари 2015 година, како и повлекување на тешкото вооружување и размена на заробеници.

    Покрај миротворните, договорот вклучуваше голем степен на автономија на регионот Донбас во неговите 13 точки, но не и признавање како независна држава.

    По Русија, Сирија најави и дека ќе ги признае ДНР и ЛНР, а истата одлука се очекува наскоро и од претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

    Западните санкции

    На западните лидери не им требаше многу време да подготват мерки кои ќе бидат преземени поради одлуката на Владимир Путин. Се очекува во текот на денот да биде откриено што точно значат најавените санкции против Русија.

    Американскиот претседател Џозеф Бајден беше првиот што направи конкретен потег и потпиша декрет за забрана на инвестиции, трговија и финансирање што би ги правеле американските граѓани со самопрогласени републики. Со прекинот на „Северен тек 2“, и Олаф Шолц од зборови премина на дела.

    Германскиот канцелар соопшти дека земјата нема да продолжи со проектот „Северен тек 2“ поради неодамнешната ескалација на украинската криза. Со ова и официјално заврши процесот на одобрување на спорниот гасовод од страна на Германија.

    Шолц наложи да се направи проценка како Германија може да продолжи да снабдува енергија без да зависи од Русија.

    Покрај тоа, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон исто така повикаа на санкции против Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img