More

    Студија: Нивото на морето во близина на Нов Зеланд рапидно расте, двата најголеми града се загрозени

    spot_img

    Нивото на морето во Нов Зеланд во некои делови се зголемува двојно побрзо од очекуваното, што им се заканува на двата најголеми града во земјата, се вели во студијата.

    Податоците собрани долж брегот на земјата покажаа дека некои области веќе тонат три до четири милиметри годишно.

    Проекциите се резултат на обемна петгодишна истражувачка програма наречена NZ SeaRise.

    Програмата е финансирана од владата и имплементирана од десетици новозеландски и меѓународни научници.

    Според експертите, властите имаат помалку време од очекуваното да планираат како да се прилагодат на последиците од климатските промени, особено на преселувањето на жителите кои живеат покрај брегот.

    Премиерката Џасинда Ардерн рече дека планирањето е веќе во тек.

    Планирањето вклучува проценка на трошоците и буџетите за преместување на жителите од потенцијално ранливите области и градежната инфраструктура.

    Ардерн ги повика Новозеланѓаните да направат се што е можно за да ги намалат емисиите и да ги ограничат последиците од климатските промени.

    Зголемувањето на нивото на морето е резултат на затоплувањето и проширувањето на океаните, како и на топењето на глечерите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img