More

    ССМ: На 22 јуни ја запираме работата во јавниот сектор

    spot_img

    Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека доколку не се прифати нивниот амандман на ребалансот на буџетот во кој се бараат пари за лиреарно зголемување на платите, владата нема да може да го направи и законското усогласување на платите во јавниот сектор.

    ССМ и денеска потсети дека краен рок за линеарното зголемување на платите од 2.806 денари е 21 јуни, а веќе на 22 јуни ќе почне генералниот штрајк со блокада  на институциите.

    Од ССМ соопштија дека штрајкот се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос – склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.

    Како што посочуваат од ССМ, одлуката за повикување и поведување на штрајк заедно со писмена најава за штрајк е доставена до Владата, Собранието и градоначалниците во насока на писмено најавување на штрајкот согласно Законот за работните односи.

    Согласно Одлуката, како што посочуваат, во штрајк стапуваат вработените во јавниот сектор, на 22 јуни, а штрајкувачите ќе штрајкуваат на своите работни места. Не се исклучува можноста штрајкот да се одвива и преку изразување на разни форми на работничкото незадоволство и синдикален притисок.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img