More

    Српската православна црква тврди дека јогата е неспоива со христијанството

    spot_img

    Во Српската православна црква деновиве се води дебата околу тоа дали верниците треба да практикуваат јога. СПЦ издаде и специјално соопштение посветено на оваа тема со наслов „Не шири конфузија со промовирање јога“.

    Нагласувајќи дека „јогата е апсолутно некомпатибилна со православната христијанска вера и дека нема место во животот на христијаните“, претставниците на СПЦ  „со цел да ги заштитат луѓето од доверба од искушенија и да привлечат внимание на погрешни учења“, во 5 точки појаснувазошто нејзините верници треба да ги избегнуваат тие далечноисточни практики.

    „Сегашната промоција на култови од далечноисточно потекло, во која спаѓа и јогата, предизвикува конфузија кај верниот народ. Со сета почит кон припадниците на сите светски религии и филозофии, како православни христијани сме должни да одговориме на секоја појава на верски синкретизам што е целосно туѓ на нашето битие“, се вели во соопштението.

    СПЦ додава дека Синодот на Атинската архиепископија експлицитно изјавил дека „јогата е основно учење на религијата на хиндуизмот и дека не е еден од видовите фитнес“.

    – Дури и ако прифатиме дека се работи само за физички вежби, зошто мнозинството вежбачи одбиваат да ги заменат вежбите на јога со алтернативни системи, како што е пилатес, кој според некои истражувачи има многу поголем ефект врз физичкото здравје?

    Повод за дискусијата и соопштението на СПЦ , како што пишуваат српските медиуми,  била афирмацијата на јогата во која се вклучил и српски православен епископ.

    Станува збор за епископот и доктор по теолошки науки  владиката Григорије , кој претходно коментираше на Инстаграм за придобивките од јогата, но неговиот коментар  дека  „навистина не знае ништо“ за неа, беше повод за реакцијата на СПЦ  во која се наведува дека тој студирал на Богословскиот факултет во Белград, а таму се учи  дека  „ овие вежби се дел од структура на хиндуизмот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img