More

    Средба Грковска – Григорјан: Ја продлабочуваме соработката со УНДП, заедничките проекти се во насока на унапредување на демократијата и воспоставување на стандарди за добро владеење

    spot_img

    Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа работна средба со Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија.

    На средбата стана збор за соработката со УНДП и нивната експертиза во областа на дигитализацијата и антикорупциските политики, како и идни заеднички активности кои се однесуваат на младите во државата.

    Заменик-претседателката на Владата, Грковска се заблагодари за помошта и поддршката што во континуитет ја дава УНДП, во реализација на бројни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата. Таа нагласи дека од големо значење е експертската помош и размената на искуства во делот на дигитализација на јавните услуги, но и во креирањето на политики кои ќе понудат долгорочни и одржливи системски решенија, со посебен акцент на младите.

    Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации Армен Григорјан изрази задоволство од презентираните активности од работата на Кабинетот за спроведување на политики за добро владеење во изминатите 100 дена од мандатот, при што предложи почести состаноци помеѓу претставници на УНДП и Кабинетот, во насока на реализирање на заедничките активности. Григорјан изрази подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.

    На средбата беше разговарано и за севкупните активности на УНДП во нашата држава во повеќе области, вклучувајќи го демократското управување, младите, дигитализација на услугите на општинско ниво, но и дигитализација на процесите за работа во неколку државни институции кои се реализираат со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img