More

    Србија ги укина сите ковид-мерки

    spot_img

    Од  3 мај 2022 година, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Србија, воведени како ремки  против ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

    „Од полноќ, српките државјани, како и страските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија“, се наведува во соопштението на српската влада.

    Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата се заснова на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста.

    „Важно е да се напомене дека оваа одлука не значи дека пандемијата на корона вирус е завршена и дека граѓаните не треба да се грижат за своето здравје. Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Ковид амбулантите, пунктовите за тестирање на вирусот Ковид-19 и пунктовите за вакцинација продолжуваат да работат вообичаено“, соопштија од владата.

    Од почетокот на пандемијата во Србија тестирани се вкупно 9.491.908 лица, регистрирани се 2.006.695 случаи на зараза и 15.999 смртни случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img