More

    Според Гал, на ФИФА битни ѝ се само парите

    spot_img

    Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Луис Ван Гал жестоко ја критикуваше ФИФА поради одлуката Катар да биде домаќин на Светското првенство 2022. Оценувајќи го таквиот избор како една од најконтроверзните одлуки на ФИФА во историјата, Ван Гал рече дека е „смешно тоа што Светското првенство ќе се одржи во Катар“.

    – Смешно е дека ќе играме во Катар. ФИФА тврди дека тоа е поради развој на фудбалот во таа земја. А како се преземаат чекори за таков развој? Со организирање таму на турнир? Тоа е глупост. Сите знаат дека станува збор за пари, за комерцијални интереси. Тоа е она што ѝ е важно на ФИФА – изјави холандскиот селектор.

    Притоа Ван Гал искоментира:

    – Што мислите зошто јас со својата компетентност не членувам во комисиите на ФИФА? Затоа што секогаш сум се противел на ваква организација. Не е во ред.

    Светското првенство 2022 ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img