More

    Со одложување на ветото стануваме зависни од соседот

    spot_img

    Ако ние го прифатиме предлогот на бугарскиот премиер Кирил Петков да се „одложи“ ветото, односно да се согласиме макар едно бугарско барање да стане дел од преговарачката рамка, тоа ќе значи дека нашата сегашна и секоја идна македонска влада за тоа прашање ќе мора да расправа и да преговара пред првото поглавје со сите влади на сите земји-членки на ЕУ.

    Вака политичките аналитичари со коишто разговараше Плусинфо ја коментираат идејата на бугарскиот премиер, кој предлага да има одложување наместо повлекување на ветото за Македонија. Според нашите соговорници, овде не станува збор за ништо друго освен за класично поставување сопка, бидејќи македонската влада ќе мора да преземе обврска да ги запише Бугарите во нашиот Устав пред да почне да преговара за кое било друго прашање.

    Ваквиот апсурден предлог, како што го нарекуваат аналитичарите, може да доведе до нова ескалацијата на бугарските барања, а прифаќањето на бугарските позиции да станат дел од преговарачката рамка би било погубно за Македонија.

    Првиот министер за надворешни работи, Денко Малески, вели дека во игра се само лоши решенија, а на нас останува дали ќе го одбереме подоброто лошо решение или полошото лошо решение.

    Ризикот е во тоа што и ако по цела една деценија ние сѐ уште не можеме да се согласиме со Бугарите, па тие и тогаш ќе можат да ни стават вето.

    Денко МалескиПрв министер за надворешни работи

    – Одложувањето на ветото е пристоен израз кој го употреби бугарскиот премиер Кирил Петков, меѓутоа со тоа не се решава проблемот и ветото ќе биде активно сѐ додека не се пронајде задоволително решение помеѓу двете страни. Позицијата на Бугарија првично беше да се реши проблемот со Македонија, а потоа да се повлече ветото. Сега очигледно во игра е некој друг пофлексибилен предлог – да почнат преговорите со Македонија, а проблемот да се решава во наредните десетина години. Меѓутоа, за да се реализира овој предлог, ние треба да понудиме гаранции. Тоа е едниот избор – да бидеме ставени во ситуација да зависиме од нив, без оглед на другите критериуми за членство во Европската Унија. А другиот избор е да стоиме во место. И ова е уште еден пример дека во меѓународната политика многу ретко се случува да имаш избор помеѓу добро и лошо решение, туку главно изборите се помеѓу неколку лоши решенија, па ти треба да се определиш за она што најмногу ти одговара. И во случајов со Бугарија не постојат лоши и добри решенија, туку постојат само лоши решенија. Јас лично мислам дека стоењето во место е најлошото решение – објаснува Малески.

    Тој посочува дека ризици постојат без разлика на тоа кое решение ќе го одбереме и дали ќе го прифатиме предлогот на Кирил Петков.

    – Ризикот е во тоа што и ако по цела една деценија ние сѐ уште не можеме да се согласиме со Бугарите, па тие и тогаш ќе можат да ни стават вето. Некои наши политичари предупредуваат дека прифаќањето на бугарскиот предлог води и кон бугаризација на македонскиот народ, но јас не се согласувам со ова тврдење. Во светската историографија нема ниту еден разумен научник или политичар којшто го негира постоењето на македонската нација и македонскиот народ. Дебатата е околу минатото. Пак ќе повторам, ако јас бев одлучувачки фактор и ако од мене се бараше да донесам одлука дали да го прифатиме бугарскиот предлог или да не го прифатиме, јас ќе кажев дека изборот е помеѓу неколку лоши решенија, а најлошото решение е стоењето во место – вели Малески.

    На поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров лошо му звучи бугарскиот предлог.

    – Пролонгираното вето, односно развлеченото вето, звучи навистина лошо. Тоа значи дека процесот што сакаме да го почнеме, а кој мора да значи европеизација, на секоја кривина и на секој чекор ќе биде под закана од Софија. Најмудро сега е да го обезбедиме европеизирањето на процесот и да обезбедиме дека ќе најдеме достоинствено и европско решение за прашањата што се решливи. А дел од прашањата што ги отвора соседна Бугарија се нерешливи. Идентитетските прашања, на пример, се апсолутно непристојни и нерешливи – изјави Димитров.

    Мицкоски: Прифаќање на предлогот на Петков значи бугаризирање

    Ако прецизно ја читате таа изјава од Кирил Петков, тогаш ќе забележите дека тоа што тој го зборува, го зборуваме ние од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека нашите билатерални проблеми и сите оние барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме, односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција.

    Ваков е ставот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој објаснува:

    – Јас сум убеден дека земјите-членки на ЕУ тоа нема да го дозволат бидејќи многу пати во минатото истите тие земји-членки кажаа дека билатералните проблеми се само билатерални проблеми и тие никако не можат да бидат мултилатерални, односно проблеми на земјите-членки на ЕУ со земјите коишто се аспиранти, односно кандидати. Така што, ако тоа се случи и ако стави потпис оваа влада на тој документ треба народот во Македонија и граѓаните да знаат дека можеби ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, но никогаш преговорите нема да почнат сѐ додека ние не прифатиме да се асимилираме и како Бугари да влеземе во рамките на ЕУ и да го прифатиме сето она кое што е содржано во Резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година –  истакна Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img