More

    Состојбата изедначена во источното финале на НБА

    spot_img

    Бостон ноќеска на свој терен го совлада Мајами со 102:82 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата.

    Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикс до триумфот со 31 поен и осум скока и пет асистенции. Кај гостите најефикасен беше Виктор Оладипо – 23 поени, при тоа додаде и четири скока и шест асистенции.

    По оваа победа Бостон го израмни резултатот на 2:2 во серијата прв до четири.

    Следниот натпревар ќе се одигра во „Американ Ерлајнс Арена“ во Мајами на 26 мај.

    Во финалето на Западот, Голден стејт води против Далас со 3:0 и само една победа го дели од големото финале.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img