More

    Сопругот на убиената снимателка поднел тужба против Алек Болдвин

    spot_img

    Актерот Алек Болдвин кој минатата година во октомври ненамерно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза со куршум од пиштол-реквизит, заедно со неговиот тим добија тужба од семејството на Хаинс.

    Адвокатот на семејството соопшти дека тимот на филмот „Раст“ каде настрада Хачинс ги прекршило сите правила за безбедност на сетот. Семејството бара надомест за претрпена болка и загуба, во име на синот на Хачинс Метју.

    Во тужбата се наведува дека не се најдени докази за саботажа на снимањето. Болдвин изјави дека очекувал тужба од семејството по трагичниот настан.

    „Според истражителите, се чини дека снимањето на сцената содржело употреба на реквизит-огнено оружје кога било пукано. Детективите истражуваат како и кој вид проектил бил испукан“, пишуваше во соопштението по несреќата.

    Хачинс била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била констатирана смрт, додека Соуза со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во регионалниот медицински центар, пренесува Си-ен-ен.

    Портпаролот на Болдвин рече дека имало несреќа на снимањето, во која дошло до грешка при пукање од пиштол со ќор-фишеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img