More

    Советот за безбедност во сообраќајот има план за нула жртви на деца во сообраќајки

    spot_img

    Во 2021 година немаше ниту една жртва од сообраќајна незгода кај српските патници кои транзитно поминуваа по коридорот 1о, рече претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) м-р Гордана Кожуваровска, која со портпаролот на МВР Тони Ангеловски, од 13 до 15 октомври 2022 година, учествуваше на Форумот за унапредување на системот за безбедност на сообраќајот 2022 под мотото „Визија нула загинати деца во сообраќајот“ кој се одржа во Златибор, Република Србија, во организација на Агенцијата за безбедност на сообраќајот и Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

    Форумот се организираше со цел подигнување на капацитетите на советите за координација на работите во врска со безбедноста на сообраќајот и придонес за намалување на жртвите во сообраќајни незгоди.

    Покрај интерактивните работилници и панел дискусиите, беа разменети искуства и примери од добри практики од областа на безбедноста во сообраќајот. Кожуваровска во својот говор истакна дека неповолната статистика за безбедноста на патниот сообраќај дополнително нѐ предизвикува и нѐ обврзува сите, и како поединци и како институции, да дадеме свој придонес во процесот на подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

    РСБСП редовно реализира едукативно-превентивни кампањи за децата, има и веб страница наменета за таа цел, редовно издава и литература за сообраќајна едукација на децата, а во мај оваа година изготви и Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот, која ја потпиша заедно со 5 министерства од Македонија. Во таа насока РСБСП ќе го даде и својот придонес во периодот 2022 до 2030 година бројот на деца-жртви во сообраќајни незгоди да биде нула.

    – Сообраќајот не познава граници, жртвите во сообраќајот не познаваат националност и тоа е главниот мотив и причина за силна соработка помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, како и со Агенциите од другите земји од регионот. Во 2021 и 2022 година, РСБСП во соработка со Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија и Министерствата за внатрешни работи на двете држави, реализираше летна кампања со опфат на возачите од двете држави, но и на странските возачи кои транзитно поминуваат долж Коридорот 10. Дека заедничките заложби вродуваат со плод потврдува и податокот дека според статистиката во 2021 година немаше ниту една жртва од сообраќајна незгода кај српските патници кои транзитно поминуваа по Коридорот 10. Подготвени сме за продлабочување на меѓусебната соработка со цел подигнување на јавната свест за сообраќајот кај сите учесници во сообраќајот на патиштата, а особено на децата како најранлива категорија учесници во сообраќајот – рече Кожуваровска.

    На Форумот присуствуваа претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот и повеќе министерства од Република Србија (Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование, наука и технолошки развој, Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Министерството за финансии и др.), претставници од локалните самоуправи на Србија, како и гости од Македонија и од Република Српска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img