More

    Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ја прекина работата на 79-та седница, со образложение дека нема услови да се одлучува за прашањата

    spot_img

    Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ја прекина работата на 79-та седница, со образложение дека нема услови да се одлучува за прашањата, бидејќи во салата присуствуваа само 53 пратеници, од потпишани 85. Џафери ги повика претседателите на партиите од парламентарното мнозинство во 13 часот да се состанат кај него во Кабинет и да се договорат како ќе продолжат со работа со оваа инсититуција.

    – Поради фактот дека пратениците се потпишаа и одлучија да не влезат во салата, Собранието нема услови да може да одлучува за прашањата за кои треба да се одлучува на почетокот на седницата. Ова јасно ни кажува за пратениците и за ставот кој го имаат. Некои мислат дека ова е нивен имот и со нивниот имот можат да се однесуваат како што сакаат, но ова не е наш имот како пратеници – нагласи Џафери, повикувајќи ги двајцата претседатели на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, кои се присутни во Собранието, да одлучат како ќе дејствуваат понатаму.Според него, би било коректно тие кои не сакаат да доаѓаат во Собранието и да бидат дел од работата на оваа институција, до него да поднесат барање за седница за распуштање на Собранието.

    – Доколку тие не предложат, јас ќе предложам седница за распуштање на Собранието да се знае која е главната цел за нас, 120 пратеници. Во овие моменти Собранието треба да функционира без разлика дали му се допаѓа некому тоа или не. Ова е демократија, а уцените не се дел од демократијата. Јас друг излез немам освен да ја прекинам седницата, а ако некој мисли дека седница ќе биде закажана со уцени и ултиматуми, греши. Кој не сака да биде дел од мнозинството треба да каже дека од денеска не е мнозинство и нека прави мнозинство со кого сака – рече Џафери, потенцирајќи дека „ова не може да се толерира“.

    За продолжението на оваа седница, претседателот на Собранието рече дека дополнително ќе извести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img