More

    Собранието ќе донесе одлука дали ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ

    spot_img

    Собранието ќе донесе одлука дали ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ и ќе донесе заклучоци откако Владата до пратениците ќе го достави европскиот предлог, билатералниот протокол и уште еден документ, изјави денеска претседателот на Владата Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

    Ковачевски информираше дека откако ќе заврши консултативниот процес за европскиот предлог, билатералниот договор и уште еден документ ќе бидат испратени во Собранието и дека координаторите на пратеничките групи и претставници на други партии ќе разговараат за овие предлози. Тие, како што рече тој, треба да донесат одлука и заклучоци и ќе и дадат задолженија на Владата тоа да го споведат.

    – На Собранието е да одлучи дали ќе донесеме одлука да ги почнеме преговорите и со какви заклучоци и за тоа треба да разговараат претставниците на политичките партии, тоа се искусни членови на Парламентот и како такво да го дадат на Владата да го спроведе и да го операционализира во врска со одлуката која што Собранието ќе ја донес – , рече Ковачевски.

    Премиерот кажа дека европскиот предлог не бил предмет на разгледување на денешната седница на Владата, на која беше најавено и присуство на претседателот на Европскиот Совет.

    – Не се работи дали претседателот Мишел ќе убеди некого, дали претседател на влада ќе убеди некого, дали министер ќе убеди некого, потенцира премиерот, работата е претставниците на народот, политичките партии, пратениците во Собранието да донесат одлука дали државата ќе отпочне преговори со ЕУ или државата нема да отпочне преговори со ЕУ и тоа е одлуката која што е пред нас – рече премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img