More

    Смртоносни базени на дното на океанот

    spot_img

    На дното на Црвеното Море се откриени смртоносни базени, суштествата кои пливаат во нив веднаш умираат, но овие базени би можеле да го расветлат и потеклото на животот, велат научниците.

    Базените – од кои најголемиот е со дијаметар од 10.000 квадратни метри, а три помали помали од 10 квадратни метри – беа откриени од научници од Универзитетот во Мајами за време на експедицијата OceanX во 2020 година, користејќи подводно возило на далечински управувач.

    Сместени на 1,77 километри под површината, базените се целосно лишени од кислород и се полни со саламура – со толку висока концентрација што е смртоносна. „Секое животно што ќе влезе во саламура е веднаш зашеметено или убиено“, рече Сем Пуркис, водачот на истражувањето, за публикацијата Live Science.

    Но, иако базените претставуваат една од најекстремните животни средини на Земјата, тие се богата оаза на животот. Тепих од микроби поддржува разновидна група животни.

    Најинтересни од нив се рибите, ракчињата и јагулите, кои изгледа ги користат базените за лов. „Предаторите“ демнат во близина на смртоносните базени и се хранат со несреќните суштества кои случајно запливаат во нив.

    Ова не се првите вакви базени кои се откриени. Во последните 30 години, океанографите веќе открија неколку десетици смртоносни базени во Средоземното Море, во Мексиканскиот Залив, а повеќето од нив се во Црвеното Море.

    Но, токму ова најново откритие најмногу ги запрепасти научниците, бидејќи базените се наоѓаат многу блиску до копното. Претходно, најблискиот базен во Црвеното Море се наоѓаше на најмалку 25 километри од брегот, а најновите откриени базени се на само два километри од брегот на Египет.

    Се верува дека базените во Црвеното Море настанале со растворање на минерали кои биле депонирани пред околу 23 милиони години, кога нивото на морето во регионот било пониско од денес.

    Извор: Откривање на длабоките морски базени NEOM во заливот Акаба, Црвеното Море.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img