More

    Случајот со пожарот во тетовската модуларна болница влегува во судница

    spot_img

    Основниот суд во Тетово додели бројче на предметот за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој избувна пред речиси една година и во кој живи изгореа 14 пациенти.

    Предметот е со број К450/22 за тешки дела против општата сигурност. Сѐ уште не е определено кој судија ќе го води предметот, објави ТВ21.

    Обвинети за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, според телевизијата, се поранешниот директор на тетовската болница, раководно лице во болницата и дежурниот доктор. Во пожарот во модуларната болница на 8 септември лани загинаа 14 луѓе. Обвинение има и за Општата болница – Тетово.

    Директорот и раководното лице се обвинети дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, а докторот дека не постапил според здравствени прописи во време на епидемија. Тетовската болница, се гони за двете кривични дела.

    Во модуларната ковид болница во Тетово на денот на несреќата беа хоспитализирани 26 пациенти, од кои 14 загинаа, а 12 беа безбедно евакуирани. Од починатите 12 се пациенти и двајца роднини на пациенти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img