More

    Синдикатите го почнаа штрајкот за повисоки плати во јавниот сектор

    spot_img

    Со поставување на 120 столчиња пред зградата на Собранието, Сојузот на синдикатите (ССМ) го почна генералниот штрајк со кој бара усолгасување на платите на вработените во јавната администрација со минималната плата.

    Генералниот шртајк е одговор на одбивањето на владата да го прифати барањето на ССМ за линерано зголемување на платите во јавниот сектор за 2.800 денари.

    -Ние си подадовме рака со претставници од Владата дека тоа право на работниците ќе се применува од 1 јули. Но, потоа ги снема. Вчера во пет до дванаесет нѐ убедуваа дека не е време за штрајк. Тие во ребалансот на буџетот не предвидоа средства за зголемување на платите што е според Законот за минимална плата кој предвидува усогласување на платите во рок од шест месеци – изјави Димовски.

    Генералниот штрајк во јавниот сектор ќе се реализира со присуство на работниците на своите работни места со прекин на работниот процес во работно време со минимум од процесот на работа за овозможување обнова на работата по завршување на штрајкот.
    Столчињата пред парламентот ќе стојат во период од 10 до 14 часот.

    Според планот за штрајк, утре столчиња колку што има министри во владата (21) ќе бидат поставени пред зградата на владата во истиот термин.

    Во петок, пак, протестот се сели пред зградата на Министерството за финансии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img