More

    СЗО: Ситуацијата со пандемијата на ковид-19 е далеку од завршена

    spot_img

    Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на ковид-19, изјави денеска претседателот на комитет Дидие Усин.

    – Ситуацијата со пандемијата на ковид-19 е далеку од завршена, рече тој во Женева.

    Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, истакна дека врз основа на таа проценка, тој го задржал највисокото ниво на тревога на СЗО на меѓународно ниво поради ковид-19: „состојба на итна ситуација за јавното здравје“.

    – Констатирано е дека ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот сè уште е многу активна, смртноста сè уште е висока и вирусот се развива на непредвидлив начин, рече Усен.

    Сепак, се поголем број земји ги укинаа сите или дел од здравствените ограничувања воведени за борба против вирусот.

    – Ова не е време за намалување на одбраната од вирусот, не треба да се откажеме од надзорот, тестовите и пријавувањето, не треба да ги ублажуваме социјалните и здравствените мерки и не треба да се откажеме од вакцинацијата – рече претседателот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО.

    Претседателот на СЗО Тедрос рече дека добрата вест е што во светот минатата недела е регистриран најмал број на смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Сепак, тој нагласи дека некои земји сè уште минуваат низ врвовите на инфекцијата што врши притисок врз нивниот болнички систем.

    Тој оцени и дека регистрирањето на трендовите е загрозено со намалувањето на бројот на извршени тестови.

    Според најновиот неделен извештај на СЗО за епидемиолошката состојба, објавен вчера, бројот на заболени од ковид продолжува да опаѓа трета последователна недела, за 24 отсто од 4 до 10 април во споредба со претходната недела. Бројот на починати, исто така, падна за 18 отсто во однос на претходната недела.

    Гебрејесус денеска исто така го осуди светот за неговата речиси целосна преокупација со војната во Украина и занемарувањето на последиците од другите војни и кризи во светот. Тој рече дека другите кризи, вклучително и во неговата земја, Етиопија, не добиваат подеднакво внимание, можеби, како што подвлече, затоа што оние што страдаат не се белци.

    Генералниот директор на СЗО рече дека не знае „дали светот навистина посветува подеднакво внимание на животите на белците и црнците“.

    – Целото внимание посветено на Украина е, се разбира, многу важно бидејќи има влијание врз целиот свет, но ниту дел (од тоа внимание) не е посветен на Тиграј, Јемен, Авганистан, Сирија и сите други кризи и конфликти – рече тој.

    Тедрос рече дека опсадата на етиопскиот регион Тиграј од силите на Еритреја и Етиопија е една од најдолгите во модерната историја и посочи дека неодамна постигнатото примирје сè уште не овозможило пристигнување на значителна количина хуманитарна помош.

    – Морам да бидам директен и искрен и да кажам дека светот не се однесува на ист начин кон човечката раса. Некои се поеднакви од другите – рече тој.

    Тедрос истакна дека во Тиграј живеат околу 6.000 луѓе со ХИВ, но оти дека властите веќе не знаат каде се тие луѓе и се претпоставува дека многу од нив веќе починале.

    Тој ја опиша ситуацијата во Тиграј како „трагична“ и рече дека се надева оти на светот „ќе му дојде памет“ и ќе ги третира сите човечки животи подеднакво.

    Тој, исто така, ги критикуваше медиумите дека не ги документираат злосторствата во Етиопија, посочувајќи дека во областа се палат живи луѓе.

    – Не знам ни дали медиумите го сфатија тоа сериозно – рече Тедрос.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img