More

    Се чека реакција на Саудиска Арабија и Емиратите

    spot_img

    И изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, 8 недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво.

    Европската нафта Брент денеска поскапе за дополнителни 1,02 долари во однос на петокот, на 95,46 долари за барел, додека американската нафта ВТИ скокна за 1,27 долари на 94,37 долари за барел, пренесе Ројтерс.

    Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот од пред 3 дена за 3 отсто, откако Белата куќа соопшти дека Русија сега има доволно војници да почне воена операција во Украина. Се тврдеше дека нападот може да се случи секој ден, па затоа, сите Американци би требало да ја напуштат Украина во рок од 24 до 48 часа.

    – Сите сакаат да си обезбедат доволно нафта… ако дојде до инвазија, знаете дека следуваат санкции против Русија, што може да предизивикаат нарушување на снабдувањето со гас и нафра – изјави  Ендрју Липов, претседател на Lipow Oil Associates.

    Меѓународната агенција за енергија ја соопшти оценката за недоволно снабдување, откако Организацијата на земјите извознички на нафта, предупреди дека светската побарувачка за нафта, оваа година може да расте уште повеќе, со оглед на силното закрепнување на економиите од корона кризата.

    Но, Меѓународната агенција за енергија соопшти дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со поголемо производство, би можеле да ги смират нестабилните пазари.

    Иако се во раст 8 недели по ред цените на нафтата се забавуваат во последните седмици, бидејќи економскиот раст би можел да забави во иднина.

    Имено, затоа што во САД инфлацијата достигна 7,5 отсто, највисоко ниво во последните 40 години, американската Централна банка наскоро ќе ги зголеми клучните каматни стапки, и тоа поагресивно, отколку што се очекуваше.

    Со ова, може да се забави растот на најголемата светска економија, а со тоа, и побарувачката за нафта.

    Откако лани се зголемија за над 50 отсто, од почетокот на оваа година, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 20 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img