More

    Се намалува задолжителна резерва на банките за износот на овие кредити

    spot_img

    Советот на Народната банка направи промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори.

    „Основата за издвојување задолжителна резерва во денари на банките ќе биде намалена за износот на новоодобрените кредити за финансирање проекти за домашно производство на електрична енергија од обновливи извори“, соопшти НБ.

    Како што е соопштено од Централната банка, на ваков начин, во услови на енергетска криза и силен раст на глобалните цени на електричната енергија, коишто влијаат и врз девизниот пазар, но и врз домашните цени и животниот стандард, банката придонесува кон ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата. Покрај тоа, со оваа мерка се поддржуваат и „зелените финансии“ и одржливото финансирање, како стратегиска цел во најновиот стратегиски план на централната банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img