More

    Се зголемува бројот на жртвите на самоубиствениот напад во Кабул, главно млади жени

    spot_img

    Бројот на жртвите во самоубиствениот напад во Кабул се зголеми на 23 лица, а се верува дека жртви се претежно млади жени, што е најнов знак за влошената безбедносна состојба во главниот град на Авганистан, јавуваат странските медиуми.

    Експлозијата се случи во петокот во образовниот центар Каај, населба претежно населена со Хазари – етничка малцинска група која долго време се соочува со угнетување.

    Студентите полагаа приемен испит на универзитет во 7:30 часот по локално време кога се случи првата експлозија, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран.

    Абду Гајас Моманд, лекар во болницата Али Џинах, каде што се однесени некои од жртвите, рече дека 23 лица загинале, а 36 се ранети.

    Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

    Таиба Мехтархил, кој бил сведок на нападот, изјави за Си-Ен-Ен дека многу од жртвите се млади жени.

    Таа отиде во центарот на градот да ја бара својата пријателка откако ја слушна веста за нападот, каде што се соочи со сцени на хаос и очај, рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img