More

    Се готви офанзива на линија Славјанск-Северск-Бахмут

    spot_img

    Руските и проруските сепаратистички сили на Луганската Народна Република тврдат дека влегле во предградието на Северск во украински Донбас, соопшти британското Министерство за одбрана.

    Нагласувајќи дека извештаите не се потврдени, британското Министерство објави дека руските сили полека напредуваат кон запад и планираат напади кон Северск од Лисичанск за да го отворат патот кон Славјанск и Краматорск.

    – Бахмут најверојатно ќе биде следната цел откако ќе биде обезбеден Сиверск – се вели во извештајот.

    Институтот за проучување на војната, исто така, соопшти дека Русија најверојатно подготвува офанзива од големи размери долж линијата Славјанск-Северск-Бахмут.

    Руските медиуми вчера јавија дека украинскиот град Северск е под контрола на сојузничките сили на Русија и на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).

    – Нашите трупи го контролираат Северск, така што непријателот сега може да биде погоден со прецизен оган на целата територија на градот – изјави првиот заменик-министер за информации на ДНР Даниил Безсонов за телевизискиот канал „Соловјев во живо“.

    Тој претпостави дека украинските сили ќе се повлечат од Северск побрзо „отколку што се повлекле од Лисичанск“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img