More

    „Секој твој роденден, Тоше, наша е воздишка“

    spot_img

    Во неговото големо срце секогаш имаше љубов за секого. Македонија и Балканот ќе го паметат Тоше како голема музичка ѕвезда со трајни вредости.

    Ќе го паметиме по неговите хумани дела кои немаа крај. Неговата насмевка и тие очи полни сјај ширеа топлина и љубов на сите концерти и настапи. Со неговата скромност, добрина и шармот допираше до сечие срце и душа. Не постоеше човек кој не ги знаеше и не ги пееше неговите песни.

    Македонската легенда денеска ќе наполнеше 42 години, да не се случеше ужасната несреќа на 16 октомври 2007 година.

    По повод овој тажен ден неговата сестра Дора Проевска сама ги дувна свеќите на тортата што ја направи за својот брат со емотивна честитка „Секој твој роденден, Тоше, наша е воздишка“ е напишано на прекрасната торта, над која стои фотографија од нашиот ангел.

    Секоја година на ист датум се споделуват емотивни пораки од музичките ѕвезди кои се сеќаваат на Тоше кој прерано го напушти овој свет. На социјалните мрежи се огласи и Весна Бејби Петрушевска.

    „Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми, немаше да престанеш да пееш… Секогаш првата мисла ми е твојата насмевка, таа беше љубовна, животна приказна.

     

    По неговата смрт е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. За неговата кратка кариера достигна голем успех а а сега остануваат само испишаните стихови и песни оставени зад него. „Ве сакам сите..“ се зборовите што секогаш ќе ги паметиме.

    Беше и остана посебен. Среќен 42 роденден Тоше!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img