More

    Северна Кореја смета дека САД се виновни за војната во Украина

    spot_img

    САД се „вистинската причина за украинската криза“, рече Северна Кореја во својот прв официјален одговор по руската инвазија на Украина.

    Вашингтон спроведува политика на „воена надмоќ, игнорирајќи го легитимното барање на Русија за нејзината безбедност“, се вели во пораката објавена на веб-страницата на севернокорејското Министерство за надворешни работи во саботата, потпишана од Ри Џи Сонг од Истражувачкиот институт за меѓународна политика.

    „Вистинската причина за украинската криза е во авторитаризмот и самоволието на САД“, се додава во пораката.

    Ри ги обвинува САД дека имаат „други стандарди“ за остатокот од светот. Тој го обвинува за мешање во внатрешните работи на други земји во име на „мирот и стабилноста“ и „без добра причина ги осудува мерките за самоодбрана на (тие) земји со цел да се гарантира сопствената безбедност“.

    „Помина времето кога Соединетите Држави владееја како господар“, се вели во пораката.

    Пораката објавена на веб-страницата на севернокорејското Министерство за надворешни работи е „тивка“ официјална реакција на Пјонгјанг, објавена под негово лично име, изјави Парк Вон-гон, професор по севернокорејски студии на Универзитетот Ехи во Сеул.

    „Заклучокот е: САД се виновни за се“, изјави тој за Франс прес.

    Заедно со Кина, Русија е еден од ретките сојузници на Северна Кореја. Москва долго време се спротивставува на притисокот врз Пјонгјанг во врска со нејзината воена програма, па дури и бара олеснување на меѓународните санкции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img