More

    Светските цени на храната би можеле да пораснат за 20 отсто поради конфликтот во Украина

    spot_img

    Светските цени на храната би можеле да пораснат за 20 отсто поради конфликтот во Украина, предупреди Агенцијата за храна на ОН.Меѓународните цени на храната и добиточната храна може да се зголемат за меѓу 8 и 20 отсто како резултат на војната, што ќе предизвика скок на глобалната неухранетост, соопшти Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).

    Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, ФАО соопшти дека не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, а неизвесноста владее околу рускиот извоз.

    Русија е најголемиот извозник на пченица во светот, а Украина е петта. Заедно, двете земји обезбедуваат 19% од светската понуда на јачмен, 14% од пченица и 4% од пченка, што претставува повеќе од една третина од светскиот извоз на жито.

    „Веројатните нарушувања во земјоделските активности на овие два главни извозници на основни производи може да предизвикаат несигурност во глобалното снабдување со храна“, рече генералниот директор на ФАО, Ку Донгју.

    Околу 50 земји, вклучително и многу неразвиени земји, се во голема мера зависни од Русија и Украина кога станува збор за резервите на пченица, што ги прави особено чувствителни, пишува The Guardian. Вкупниот број на неухранети луѓе може да се зголеми за 8 до 13 милиони во 2022/23 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img