More

    Сајбер понеделник ќе проголта уште 11 милијарди во САД

    spot_img

    Рекордни 9,12 милијарди долари потрошиле купувачите во Америка за купување преку Интернет на Црниот петок, објави Adobe, која ја следи продажбата на веб-страниците на трговците на мало.

    Вкупните онлајн продажби по Денот на благодарноста се зголемија за 2,3 отсто на годишно ниво. Електрониката е на прво место, а нејзината онлајн продажба се зголемила за 221 отсто во однос на просечниот ден во октомври.

    Играчките се уште една популарна категорија за купувачите, со пораст од 285 отсто, исто како и опремата за вежбање, чија продажба е зголемена за 218 отсто.

    Плаќањата „Купи сега, плати подоцна“ се зголемени за 78 отсто во споредба со минатата недела, почнувајќи од 19 ноември, а приходите на „Купи сега, плати подоцна“ се зголемени за 81 отсто во истиот период.

    Купувачите на Црниот петок соборија рекорди за нарачки преку мобилни телефони, бидејќи 48% од онлајн-продажбите беа направени на паметни телефони.

    На Денот на благодарноста Американсците потрошиле рекордни 5,29 милијарди долари за онлајн купувањеКлиентите обично трошат околу 2 до 3 милијарди долари онлајн дневно.

    За трговците на мало, овие бројки би можеле да бидат ветувачки показател за наредните недели пред Божик.

    Денеска, на Cyber Monday се очекува да се остварат продажби од 11,2 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img