More

    Руски трупи се на 5 километри од градот

    spot_img

    Порадите жестоките судири околу Изјум, голем дел од градот е уништен, велат градските власти, а новите сателитски снимки го откриваат обемот на уништување на градот во источна Украина.

    Фотографиите, направени од Maxar Technologies во четвртокот, а објавени од Си-Ен-Ен, покажуваат огромен кратер широк околу 12 метри во централниот дел на градот.

    Од едната страна од кратерот се гледа опожарено училиште, а од другата фудбалско игралиште. Уништен е и дел од болницата спроти улицата.

    Северно од училиштето, уништена е голема зграда на котлара, како и сите блиски станбени згради.

    На околу 5 километри северозападно од Изјум, може да се забележи конвој од руска артилерија како се движи кон градот.

    Заменикот на градскиот совет, Макс Стрелник за Си-Ен-Ен изјави дека градот е целосно уништен од нападите на руските воздухопловни сили и артилерија.

    – Руските војници сега ги контролираат градските сектори на северниот брег на реката што го дели Изјум на половина. Украинците ги контролираат урбаните сектори на јужниот брег на реката – рече Стрелник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img