More

    Руските сили во офанзива во Доњецк, Зеленски остро поради Амнести интернешенел

    spot_img

    Руските сили во офанзива во Доњецк, Зеленски остро поради Амнести интернешенел
    Руските сили започнаа голема офанзива во регионот на Доњецк во правец на Бахмут и Авдијивка, објави Генералштабот на украинската армија во својот извештај за ситуацијата на бојното поле. Според извештајот, рускиот напад кај Бахмут бил неуспешен, додека борбите продолжиле кај Авдијивка.

    Непријателот изведува офанзива во правец на Бахмут и Авдијивка во Доњецката област“, ​​се вели во извештајот на украинскиот Генералштаб. Извештајот не можеше да биде независно проверен, но според германската агенција ДПА, тој е во согласност со претходните извештаи за засилени судири во регионот.

    Целта на руската офанзива е да се подготви руската армија за напад на градовите Соледар и Бахмут и да се прошири рускиот надзор западно од градот Доњецк, се вели во извештајот.

    Соледар и Бахмут се дел од одбранбената линија источно од агломерациите на големите градови Словјанск и Краматорск, во кои пред војската живееле повеќе од половина милион луѓе. Тоа е последната голема област во Донбас, која сè уште е под контрола на Киев, јави ДПА.

    Зеленски е остар кон Амнести Интернешнл: „Сакате да ја префрлите одговорноста од агресорот на жртвата“
    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини невладината организација за човекови права Амнести интернешнал дека се обидува да понуди „амнестија на терористичка држава и да ја пренесе одговорноста од агресорот на жртвата“, откако во четвртокот објави извештај во кој ги обвини украинските сили за кршење на меѓународното право и закана кон цивилно.

    „Не постои услов, дури ни хипотетички, под кој би бил оправдан секој руски напад врз Украина. Агресијата врз нашата земја е неиспровоцирана, инвазивна и терористичка“, рече украинскиот претседател

    При објавувањето на извештајот, невладината организација нагласи дека нејзините обвинувања, насочени против Киев, на ниту еден начин не ја оправдуваат руската агресија.

    „Ако некој подготви извештај, во кој жртвата и агресорот се некако еднакви… тогаш тоа не можеме да го толерираме“, додаде Зеленски.

    Во извештајот, Амнести интернешнал наведе неколку примери во кои украинските сили ги изложиле цивилите на опасност, меѓу другите во 19 градови и населени места во регионите Харков и Миколаев и во Донбас. Зеленски во вечерниот говор изјавите ги изедначи со обвинување на жртвите.

    Според невладината организација, украинската армија формирала неколку бази во училишта и болници и извршила напади од населени места, што го нарече тактика која го прекршува меѓународното хуманитарно право.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img